18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПешевски во работна посета на САД

Пешевски во работна посета на САД

pesevski

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, од понеделникот се наоѓа во неколкудневна работна посета на Соединетите Американски Држави.

Предвидено е за време на посетата, вицепремиерот Пешевски и економскиот промотор во САД, Дејан Величков, да остварат директни средби со високи претставници на десетина компании од сојузните држави Илиноис, Висконсин и Индијана.

Станува збор за компаниите од областа на автомобилската индустрија, авио индустрија, медицинската индустрија, производство на делови за индустриски погони, аутсорсинг услуги и други.  Се работи за реномирани компании, помеѓу кои се и компании од Fortune 500 листата.

На средбите подетално ќе се презентираат можностите и поволностите за инвестирање во Република Македонија. Со дел од компаниите веќе одреден период се одржуваат контакти и се во понапредна фаза на договарање.

Република Македонија е особено интересна дестинација за американските компании и на нашиот пазар веќе се присутни светски познати компании како што се Џонсон Контролс, Кемет Електроникс и Амфенол.

Доказ за одличната соработка и големиот интерес на американските компании да инвестираат во земјата е и денешното отворање на новата фабрика АРЦ Аутомотив Македонија, инвестиција на американската Кап Кон од 18 милиони евра во која се најавени 400 нови вработувања, се вели во соопштението од кабинетот  на Пешевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП