13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПуштена асфалтираната улица „Тодор Чучков“ во Штип

Пуштена асфалтираната улица „Тодор Чучков“ во Штип

todor-chukov

Асфалтираната улица „Тодор Чучков„ која се наоѓа во еден од најстарите делови на Штип, пуштена е официјално во употреба во понеделникот.

На промоцијата говореше градоначалникот Илчо Захариев, кој напомена дека по неколку децении, за прв пат влезе машина да обнови улица во овој дел на градот:

„По асфалтирањето, остануваат уште неколку зафати на улицата “9.мај“, како и конструкција на мал паркинг на еден дел од оваа улица која денес ја промовираме. Со тоа ќе се реши еден важен проблем за жителите од овој дел на градот а ЈП „Исар“ наскоро ќе започне со хортикултурно уредување на дел од оваа улица, откако ни помогна и го исчисти делот за да можеме ние со бехатон да го направиме споменатиот паркинг – изјави Захариев.

Градежните активности за инфраструктурно уредување на градот ќе продолжат се додека временските услови го дозволуваат тоа:

„Ние за викендот асфалтиравме и дел од улица „Вардарска“ во должина од околу 340 метри, која исто така е во оваа урбана заедница. Доколку временските услови дозволат ќе се постави финалниот слој, ако не, тоа ќе го направиме идната пролет. Во меѓувреме ќе се асфалтираат неколку помали улици во Три Чешми а се работи и на проектот за асфалтирање на помали улици во Железничка, Балканска и во Чардаклија за да ја заокружиме градежната сезона. Во овој дел на градот, останува да се обнови сообраќајницата „Борис Кидрич“ која е главна артерија од Дујлето до центарот, откако ќе видиме како ЈП „Исар“ ќе направи промена на комплетната мрежа која со децении не е заменета и е тешко пристапна. Со асфалтирањето на „Вардарска“, ќе го олесниме сообраќајот и преку улицата „Борис Кидрич“ а веќе идната пролет ќе следи асфалтирање и на горниот дел на „Вардарска“ со што ќе добиеме комплетно нова сообраќајница, но и најважно алтернативен влез во Штип од Дујлето“, рече Захариев.

Улицата „Тодор Чучков“ е асфалтирана со средства од буџетот на општината во висина од еден милион денари, додека за половина од „Вардаска“ се потрошени 4,5 милиона денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП