28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромовиран охридски коктел „Еден бисер“

Промовиран охридски коктел „Еден бисер“

ohridski-biser-koktel

Прв автентичен охридски коктел „Еден бисер“, промовиран е во неделата вечерта во ланч барот „Објектив“. Иницијативата за креирање на авторски коктел е на Туристичкиот кластер на југозападна Македонија „Еден“, кој функционира веќе четири години и во кој членуваат околу 40 приватни фирми.

Коктелот се служи во мартини чаша, а има боја која асоцира на бојата на езерската вода. Лажичката за мешање на состојките во коктелот е со оригинален дизајн и е изработена од страна на познатиот изработувач на охридски бисер, Михајло Филев.

Секој кој ќе го порача коктелот ќе добие и сертификат за оригиналноста на охридскиот бисер и автентичноста на коктелот, кои потоа ќе може да ги задржи како сувенири.

Цената на коктелот ќе биде 240 денари, и ќе биде иста во сите угостителски објекти членови на кластерот во кои ќе се служи коктелот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП