24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон го престигнува Њујорк по брзина на економскиот раст

Лондон го престигнува Њујорк по брзина на економскиот раст

1920xxjasonhawkes-0056-hr

Лондон во наредните 15 години ќе забележи побрз економски раст од Њујорк со оглед дека британската престолнина ќе оствари повеќе корист од јакнење на глобалната економија, покажа истражувањето на консултантската куќа Oxford economics.

Економијата на Лондон ќе расте во просек 2,9 отсто годишно во периодот од 2015 до 2030 година, а економијата на Њујорк ќе расте по стапка од 2,6 отсто, наведува компанијата.

„Прогнозата на глобалниот економски раст му дава на Лондон шанса да оствари значителна корист на повеќе полиња“, смета претседателот на секторот за глобални истражувања во Oxford economics, Ричард Холт.

Тој наведува дека Лондон е еден од најфлексибилните светски градови кога се работи за пренесување на успехот од банкарскиот и финансискиот сектор врз останатите економски области. Њујорк, од друга страна, во дадениот период ќе забележи најголем раст на личната потрошувачка на светот, додава Холт.

Покрај Лондон, меѓу 10 водечки градови по развој во светот од Европа се најде Париз, кој во периодот од 2015.30 година ќе расте во просек 1,7 отсто годишно.

На чело на оваа листа е Шангај, за кој е прогнозиран раст од 5,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП