18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата падна кон 42 долари по седницата на OPEC

Цената на нафтата падна кон 42 долари по седницата на OPEC

nafta bareli2

Цената на нафтата се спушти во понеделникот на светските берзи кон 42 долари, приближувајќи се на најниско ниво за последните седум години откако Организацијата на држави-извозички на нафта (OPEC) заврши со несогласување околу намалување на производството, а дополнителен притисок создаде и силниот долар.

OPEC во петокот го заклучи редовниот состанок без договор за намалување на производството, а фактот дека состанокот заврши без формална одлука прв пат за повеќе децении аналитичарите го протолкуваа како одраз на длабоки несогласувања меѓу членките.

„Досегашните соопштенија барем вклучуваа ставови кои требаше стриктно да се држат или пак да го одразуваат нивото на производство во согласност со целното производство. Во последниот случај упадливо е дека тоа не е направено“, нагласија аналитичарите на Barclays.

OPEC моментно произведува над 30 милиони барели дневно и со тоа придонесува за прекумерна понуда, создавајќи дневен вишок од 500 илјади до два милиони барели, со што се создава притисок брз многу производители, особено на оние во САД кои произведуваат нафта од шкрилци.

Така челникот на саудиската нафтена компанија Saudi Aramco, Амин Насер во понеделникот на конференција во Доха изрази надеж дека цената на нафтата ќе биде прилагодена на почетокот на годината, кога испораките од неконвенцијалното производство ќе почнат да се намалуваат.

Дополнително, цената на нафтата денеска ја притисна силниот долар, кој доби на вредност кон кошничката светски валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП