1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи пораснаа, еврото стабилно

Азиските берзи пораснаа, еврото стабилно

berza azija220

На азиските берзи во понеделникот цените на акциите пораснаа, откако добрите показатели од американскиот пазар на трудот ги наведоа вложувачите на заклучокот дека зголемувањето на каматите од страна на централната банка на САД нема да го наруши растот на најголемата светска економија.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување беше во плус околу 1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Австралија, Хонгконг и Шангај пораснаа меѓу 0,1 и 0,4 отсто. Оттаму, индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските, беше во плус од 0,2 отсто.

Азиските вложувачи беа поттикнати од силниот 2-процентен раст на цените на акциите на Волстрит во петокот, откако извештајот за вработувањето во САД ги наведе инвеститорите да заклучат дека американската економија е доволно силна за да го издржи зголемувањето на каматните стапки.

Во ноември во САД биле отворени 211.000 нови работни места, повеќе од очекуваните 200.000, додека стапката на невработеност останала непроменета на 5 отсто, најниското ниво во седум ипол години. По овие податоци, речиси сигурно е според на аналитичарите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) кон средината на декември ќе ги зголеми клучните каматни стапки првпат од 2006 година.

Азиските вложувачи се претпазливи и поради тоа што следните денови во Кина ќе бидат објавени неколку важни извештаи, за надворешната трговија, инфлацијата, индустриското производство и за трговијата на мало, кои веројатно ќе покажат дека растот на втората според обемот светска економија и натаму е забавен.

А на валутните пазари еврото се одржува на високо ниво, откако минатиот четврток скокна за 3 отсто, што беше негов најголем дневен скок од 2009 година, бидејќи Европската централна бана (ECB) не ја ублажи монетарната политика толку агресивно, колку што се очекуваше.

Во понеделникот во претпладневното тргување курсот на еврото се движеше околу 1,0860 долари, помалку во однос на 1,0980 долари, колку што достигна во четвртокот, но значително повеќе од 1.,0523 долари, најниското ниво во последните седум месеци, на кое се лизна пред одлуката на ECB.

Во однос на јапонската валута, пак, доларот малку зајакна, па неговата цена во понеделникот претпладне се движење околу 123,209 јени, додека во петокот на затворањето од трговскиот ден изнесуваше 123,10 јени.

На пазарите на нафтата цените се и натаму под притисок, бидејќи најголемите светски произведувачи се одлучија да го задржат високото производство, и покрај ниските цени и слабата побарувачка. Така, цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 20-ина центи, на 42,75 долари, додека на американскиот барелот поевтини за 40 центи, на 38,55 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП