2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТД КАДИС прослави 25 годишнина од своето постоење

ТД КАДИС прослави 25 годишнина од своето постоење

ccd

Како една од првите приватни фирми во Р.Македонија основана од семејството Каленикови ТД Кадис ја одбележи 25 годишната успешна работа во бизнисот со автомобили  со над 9,000 продадени возила и повеќе од  11,000 задоволни клиенти.

Од првите реклами “Плати и вози” преку Џандар Збира и безбројните промоции и забави за новите модели до хуманитарни проекти , секогаш e присутен со поддршка на естрадата, уметноста, културата и спортот, а токму и со овие пријатели наздрави по повод значајниот јубилеј.

ccc

Горди сме што го носиме истиот даночен број без измени и додавки, тој на КАДИС од 03.12.1990 година па се до денес. Да продолжиме и понатаму да им создаваме вистински и чесен пат на идните генерации заедно да градиме стабилно општество базирано на човечност, пријателство, партнерство и семејство” – изјави г-динот Калеников Зоран , генерален директор на ТД Кадис.

caa

Инаку, ТД Кадис 4 години е меѓу 200 најуспешни и најголеми компании на РМ, со досегашни 3 титули “Автомобил на годината”, 2 титули Golden Dealer во Европа, 3 шампионски титули во женска одбојка заедно со Форца Волеј, 2 во кошарка заедно со МЗТ Скопје. Меѓудругото и со бројни донации:  донација на автомобили во едукативните центри на Mашински факултет за идните машински инженери, донации за Универзитетската клиника за детски болести Скопје, за Детската кардиохирургија, за Здружение за граѓани за третман на лица со аутизам. Сите овие донации се крунисаа со Награда за општествено одговорна компанија од страна на Министерството за Економија.

cbb

cee

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП