2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГигантот „Toshiba“ го фалсификувал профитот

Гигантот „Toshiba“ го фалсификувал профитот

BT-AF407_TOSHIB_M_20151115202904

Јапонскиот пазарен регулатор соопшти дека електронскиот гигант „Toshiba“ би можел да биде казнет со рекордни 60 милиони долари поради „пумпањето“ на профитот.

Имено, јапонската комисија за надзор на тргувањето со хартии од вредност и бeрзата препорачала изрекување на казна за „Toshiba“ во износ од 7,37 милијарди јени (60 милиони евра) поради фалсификување на извештајот за заработката, што, како што наведува њујоркшката агенција Блумберг, е една од најголемите финансиски казни кои некогаш ги побарал некој регулатор.

Компанијата „Toshiba“ во повеќе наврати ги измамила инвеститорите, бидејќи во периодот меѓу 2012 и 2013 година доставила лажни финансиски извештаи, се наведува во соопштението на тој регулатор.

Претходно оваа година, оваа компанија, со традиција подолга од 140 години, била погодена со срамно откритие дека нејзините раководители ги лажирале извештаите за заработката.

Тогаш незвисната комисиjа, ангажирана на барање на „Toshiba“, соопшти дека компанијата го преувеличила профитот од работењето за 151,8 милијарди јени (1,22 милијарди долари) и дека праксата за „пумпање“ на цифрите на профитот е иницирана по финансиската криза која се појави пред седум години, откако високите менаџери започнаа да поставуваат нереални цели за заработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП