Најлошото можно сценарио на целосно замрзнати односи меѓу Турција и Русија, би можело Анкара да ја чини околу девет милијарди американски долари, изјави турски функционер.
Моменталното ниво на тензиите би можело да го намали турското годишно производство за околу 0,4 отсто, изјави денеска заменикот турски премиер Мехмет Шимшек.
Русија по турското уривање на нејзиниот воен авион во близина на сириско-турската граница воведе низа економски мерки против Анкара, како што се увозот на овошје и зеленчук, забрана за работа на турските претпријатија и турски државјани во Русија, што најмногу ќе го погоди турскиот градежен сектор итн.
Шимшек, е новиот владин функционер задолжен за економија, изјави за телевизијата NTV дека владата треба да преземе дополнителни мерки кон плановите за подигнување на минималните плати, иако нема да биде подготвена да го преземе целиот товар.
За Турција посебно се важни руските туристи чии посети изнесуваат 10 отсто од сите посети во таа земја. За првите девет месеци од оваа година Турција ја посетиле 3,3 милиони руски туристи
Според анализите на Федерацијата на сопственици на хотели во Турција, оваа земја би можела да изгуби 4,5 милијарди долари оваа година само од посетата на руските туристи, додека вкупната загуба би можел да биде околу 20 милијарди долари.