19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоселениците од ЕУ во Германија сепак ќе добиваат државна помош

Доселениците од ЕУ во Германија сепак ќе добиваат државна помош

BN-KE223_0905mi_H_20150905141929

Германските медиуми за време на викендот упатиле жестоки критики кон одлуката на германскиот Сојузен социјален суд, според која на доселениците од земјите од Европската унија (ЕУ), по шест месеци престој во земјата се стекнуваат со право на социјална помош, пренесува Hina.

Според германските медиуми, со оваа одлука се зголемуваат стравувањата од нови оптоварувања за буџетот на општините и градовите кои се веќе на работ на стечај поради големиот број на бегалци.

„Нечујно и далеку од јавноста, судот со оваа одлука на невработените доселениците од сиромашните земји на ЕУ им отвори можности за изобилство“, коментира Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ) за одлуката на Сојузниот социјален суд, донесена кон крајот на неделата и според која доселениците веќе по шест месеци престој во Германија имаат право на социјална помош, односно на финансиско обезбедување на егзистенцијата.

„Последната судска инстанца создаде уште еден поттик за доселување во Германија, кој издржи пола година, обезбеден е за цел живот. Дали доселеникот бара работа воопшто не е важно. Трошоците ќе морат да бидат покриени од страна на општините и градовите кои и онака се на работ на стечај поради бегалците од Сирија и Авганистан“, заклучува FAZ.

Иако сите судски инстанци, се до Европскиот суд, одлучиле дека странците кои само што пристигнале во Германија немаат право на надоместок за невработени, Сојузниот социјален суд за својата одлука се повел по одлуката на уставниот суд кој истакнал еднакво право на финансиско обезбедување на егзистенција на сите граѓани на Германија, без оглед на тоа дали се работи за државјани, доселеници или пак бегалци.

Во Германија има разлика од надоместокот за невработени и класичната социјална помош која е наменета за лица кои поради болест или старост се исклучени од пазарот на трудот. Судовите досега одбиваа доделување на надоместок за невработеност на граѓаните на ЕУ кои живеат во Германија. Услов за надоместок за невработеност е или лицето досега да  работело во Германија или пак активно да бара работа.

Со пресудата на Сојузниот социјален суд, условите за финансиска помош практично се укинуваат и единствениот услов е престојот во Германија „од најмалку шест месеци“. Во конкретниот случај се работело за една романско семејство кое во 2008-та година се доселило во Германија. Се смета дека по најновата пресуда со социјална помош би можеле да се стекнат 130 илјади граѓани од ЕУ, во главно од Романија и Бугарија, кои веќе некое време живеат во Германија.

Социјалната помош за самците од 1-ви јануари 2015-та година изнесува 399 евра месечно, а за брачните партнери по 360 евра. Децата помеѓу 14 и 18 години имаат право на 302 евра, додека пак помладите од 14 години на 267 евра. Државата покрај ова ги покрива и трошоците за сместување, а тука се уште и бројните еднократни исплати, како што се помошта за купување на кујнски помагала или сезонска роба, како и дополнителната помош за учениците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП