4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGE го раскина договорот за продажба на одделот за бела техника на...

GE го раскина договорот за продажба на одделот за бела техника на Electrolux

ge elektroluks

Американскиот индустриски конгломерат General Electric (GE) објави дека го раскинува договорот за продажба на одделот за работење со бела техника на шведската група Electrolux, која минатата година за него понуди 3,3 милијарди долари (три милијарди евра).

Од GE информираа дека и натаму сакаат да го продадат тој оддел, додека во Electrolux изразија разочарување од одлуката на американската компанија, бидејќи со таа аквизиција сака да обезбедат истакната позиција во секторот на куќни апарати.

Во GE напомнуваат дека шведската компанија мора да им го исплати договорениот надомест за раскин на договорот од 175 милиони долари.

Американското министерство за правосудство ја блокираше во јули предложената трансакција со аргумент дека би можела да резултира со поскапување на електричните и гасните шпорети, со оглед на пазарната доминација на брендовите Electrolux и Whirlpool.

Расправата почна минатиот месец, а правосилната пресуда се очекува до крајот на декември или на почетокот на јануари, објавија од шведската групација.

„Electrolux интензивно работи на добивањето на регулаторни одобрувања и жали што GE го раскина договорот додека судската постапка сè уште е во тек“, се наведува во соопштението на шведската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП