Продажбата на елитни станбени објекти на подрачјето на Москва во последно време доживува вистински бум, по забавувањето на рускиот пазар на недвижнини во првата половина на оваа година.
Во октомври растот на продажбата на луксузни недвижнини бил за половина поголем од истиот период минатата година, додека во ноември бил 25 отсто поголем во однос на истиот период лани.
Таквиот голем интерес на инвеститорите на пазарот на недвижности, стручњаците го припишуваат на новите законски одредби, кои ќе стапат на сила на 1 јануари. Имено, со најновиот закон во областа на даночната политика, зголемен е рокот од три на пет години, во кои сопственикот плаќа данок на продажбата на недвижноста.
Тоа значи дека оној што ќе купи недвижност до крајот на ова година, истиот објект ќе може да го продаде во 2018 година без плаќање на било каков данок, а ако недвижноста ја купи во 2016 година, ќе мора да чека до 2021 година.
Во случај недвижноста да ја продава пред истекот на рокот, плаќа 13 отсто данок на продажбата.