Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Бернска конвенција: Итно да се суспендираат хидроенергетските проекти во Маврово!

Време: 10:09

Датум: декември 7, 2015

Категорија: ЕКОНОМИЈА

brani 3994

Постојаниот комитет на Бернската Конвенција бара суспензија на сите владини инфраструктурни проекти во НП „Маврово“, особено на предвидените хидроенергетски проекти Бошков Мост и Луково Поле.

Минатата недела во Советот на Европа се одржа состанок на Постојаниот комитет на конвенцијата за заштита на европскиот жив свет и природните живеалишта (Бернската конвенција) на кој беше разгледан случајот за Националниот парк „Маврово“. Случајот беше отворен во 2014 година од страна на Комитетот поради постоење основано сомнение дека Македонија ги прекршува одредбите на Конвенција со носењето на одлука за спроведување над 22 хидроелектрани во рамки на паркот. Тогаш Постојаниот Комитет одлучи делегација на независни експерти и набљудувачи да спроведат истрага со цел да се утврди степенот на закана за биодиверзитетот од планираните хидроенергетски проекти. Оваа истрага беше спроведена во јуни оваа година, а заклучокот од истиот e дека „Планираните хидро централи во НП „Маврово“ не се компатибилни со статусот на заштита на паркот и вредните еко системи и видови и како такви истите треба да бидат напуштени“.

Извештајот дополнително ја потенцира исклучителната вредност на „Маврово“ за балканскиот рис, критично загрозен подвид на евроазискиот рис, од кој се останати помалку од 40 единки. „Балканскиот рис од неодамна и официјално е запишан на Светската црвена листа на Меѓународната унија за заштита на природата, а „Маврово“ и неговата поблиска околина се наведени како единствено подрачје во кое тој сè уште се размножува“, потенцираа од Македонското еколошко друштво.

Заклучокот на независните експерти беше остро негиран од страна на делегацијата на Владата на Македонија за време на состанокот, и покрај тоа што преку Министерството за животна средина и просторно планирање, А.Д. ЕЛЕМ и најмените експерти, директно учествуваше во набљудувачката мисија.

Усвоената препорака на состанокот минатата недела бара сите владини проекти во рамки на територијата на НП Маврово да бидат суспендирани сѐ додека не се подготви Стратешка оцена за влијанието врз животната средина, ставајќи посебен акцент на кумулативните ефекти на сите планирани инфраструктурни проекти и активности на територија на паркот, како и долгорочните ефекти на водните режими на реките Дрим и Вардар.

Дополнително, во рамки на оцената, Македонија треба да одговори на специфичните потреби за зачувување на видовите за кои Националниот парк Маврово носи посебна одговорност, вклучувајќи ги видовите и живеалиштата за кои ова подрачје е номинирано за Емералд подрачје и истите да ги земе предвид при носење на Планот за управување со подрачјето. Усвоените препораки се резултат на жестока дебата во Советот на Европа и се дипломатска модификација на оригинално предложените, многу поостри препораки.

„Имајќи предвид дека Македонија ја има ратификувано оваа конвенција во 1997 година, усвоените препораки се задолжителни. Согласно Уставот на РМ, меѓународните договори се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закони и владини одлуки. Доколку постои непочитување на истите, тоа претставува прекршување на меѓународниот правен поредок“,  изјави Александра Бујароска од Фронт 21/42.

Комитетот усвои и посебна препорака за ЕБОР и Светска банка повикувајќи ги „меѓународните финансиски институции да ги земат предвид резултатите од Стратешката оцена за влијание врз животната средина пред одлучувањето за финансирање на хидроенергетски проекти во паркот“, вели Ана Чоловиќ Лешоска од Еко- свест.

Препораката кон Македонија да ги суспендира проектите треба да биде доволен сигнал за банките да се повлечат од контроверзните проекти, бидејќи стратешката оцена не се очекува да даде спротивен став за нивното влијание.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • ССК: Намалување на јазот помеѓу потребите и понудата на пазарот на трудот

    ССК: Намалување на јазот помеѓу потребите и понудата на пазарот на трудот

    Недостигот од квалификувана работна сила во македонската економија е сѐ поизразен, а дизбалансот на пазарот на труд е предизвик за стопанствениците, беше истакнато на денешната…

  • Фондот за иновации избра софтверско решение

    Фондот за иновации избра софтверско решение

    Иновативното решение на компанијата „Некстсенс ДОО“ е избрано како прворангирано на Јавниот повик за финансирање на проект за изработка на информациски систем за управување во…

  • До крајот на векот, штетите од поплавите во ЕУ би можеле да достигнат 100 милијарди евра годишно

    До крајот на векот, штетите од поплавите во ЕУ би можеле да достигнат 100 милијарди евра годишно

    Европскиот суд на ревизори (ECA) презентираше проценка на спроведувањето на европските барања за превенција од поплави. Според документот, постојат големи предизвици за справување со варијабилноста…

  • САД воведоа нови санкции поради испoраки на нафта во Сирија

    САД воведоа нови санкции поради испoраки на нафта во Сирија

    САД воведоа нови санкции за шест поединци и три компании поради тоа што испорачувале нафта во Сирија, соопшти Министерството за финансии на САД. Според соопштението,…

  • Зголемени средствата за вториот повик за печките на пелети

    Зголемени средствата за вториот повик за печките на пелети

    Владата ги зголеми средствата за вториот повик за печките на пелети. По вчерашната седницата, Владата соопшти дека ги зголемила средствата за поддршка на трошоците за купување…

  • Дождливо со температура до 16 степени

    Дождливо со температура до 16 степени

    Претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе имаат пороен карактер, а во југоисточните делови ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во…

  • Странците во Црна Гора инвестирале речиси 600 милиони евра

    Странците во Црна Гора инвестирале речиси 600 милиони евра

    Нето-приливот на странски директни инвестиции во Црна Гора изнесува 218,39 милиони евра во првите девет месеци од 2018 година, покажуваат прелиминарните податоци од Централната банка…

  • Николовски: Со развој на земјоделските задруги до поголеми економски и социјални придобивки

    Николовски: Со развој на земјоделските задруги до поголеми економски и социјални придобивки

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска ја отвори 3. сесија на работната група за земјоделство и рурален развој организиранa од Националната конвенција…

  • Оливер Спасовски е најплатениот министер во Владата

    Оливер Спасовски е најплатениот министер во Владата

    Владата ги објави висините на платите на премиерот замениците на премиерот и на министрите. Според податоците, највисока плата во Владата зема министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој…

  • Спорот околу буџетот на ЕУ ескалираше

    Спорот околу буџетот на ЕУ ескалираше

    Преговорите во рамките на буџетскиот спор на ЕУ за 2019-та конечно завршија во понеделникот вечерта. Преговарачите од земјите членки на ЕУ и од европскиот парламент…