13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаглата ја намалува видливоста

Маглата ја намалува видливоста

magla-avtopat

Сообраќајот на патните правци во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози. Магла со видливост до 50 метри има кај Крива Паланка, Тетово, Попова Шапка, Битола, Штип, Делчево, Страцин и Кула. На останатите патни правци видливоста е од 100 до 150 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП