27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој Финец ќе добива по 800 евра месечно од државата

Секој Финец ќе добива по 800 евра месечно од државата

finska-zima

Финските власти забрзано работат на проектот со којшто се гарантира основен доход за сите полнолетни граѓани, а истражувањето на јавното мислење покажало дека 69 отсто од Финците ја поддржуваат идејата за загарантирана основна плата.

Оваа идеја би требало да се реализира пред ноември идната година, но ако оди се по планот, Финците ќе останат без сите досегашни социјални примања и наместо тоа од државата ќе добиваат по 800 евра месечно.

Идејата не е нова и секој пат звучи како утопија, но во Финска најверојатно ќе стане реалност.

Идејата ја заговара и премиерот Јуха Сипил, а проектот има поддршка од повеќето политички партии во земјата.

На прв поглед неверојатно, но овој потег ја намалува невработеноста.

Загарантираниот основен приход би им овозможило на работниците да прифаќаат разни повремени па и послабо платени работи, што би ги намалило трошоците за работа и би го зголемило пазарот на трудот.

Покрај тоа новите работни места би ја зголемиле и личната потрошувачка.

Лошата страна би можела да биде цената на проектот. Блумберг пресметале дека 800 евра загрантиран месечен приход за 5,4 милиони жители на државата би чинело 52,2 милијарди евра годишно. А владата следната година може да смета на 49,1 милијарди евра приходи.

Губитници од овој проект би можеле да бидат инвалидите кои од државата сега добиваат повеќе од 800 евра месечно, како и самохраните родители со повеќе деца доколку приходите го добиваат само полнолетни Финци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП