2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромовирани пет возила за подигање на кабаст и инертен отпад

Промовирани пет возила за подигање на кабаст и инертен отпад

kabast77

Сите граѓани на  Скопје ќе имаат  можност да се договорат  со општината во којашто живеат  и ЈП „Комунална хигиена“ и четири пати во годината бесплатно, на определени локации и договорени термини да ги остават сите свои стари и непотребни предмети со погабаритни големини, односно различен вид стар мебел, стари електрични апарати, како и инертен отпад од реновирање кој е уредно спакуван во вреќи.

Градот Скопје во недела ги промовираше петте нови возила на ЈП„Комунална хигиена“ и почнува еден нов начин на организирано третирање на кабастиот и инертниот отпад на територијата на градот.

Оваа акција е покрената по барање на повеќе граѓани потенцирале дека имаат проблем со одлагањето на кабастиот отпад и дека овој вид на отпад се остава неконтролирано.

„Исто така, напоменуваме дека самите граѓани имаат можност и бесплатно во кое било време со сопствен превоз овој вид на отпад да го одложат во рециклажниот двор во Карпош. Со набавка на овие нови 5 специјални возила во вредност околу 8милиони денари., чија носивост е 2 кубни метри, се надеваме и очекуваме подобрување во третирањето на овој вид отпад, а воедно и апелираме до граѓаните за совесно постапување со кабастиот и инертен отпад за да добиме почоста и посредена здрава животна средина“, истакна градоначалникот на Град Скопје, КоцеТрајановски.

Директорот на ЈП„Комунална хигиена“ посочи дека со набавката на новите камиони ќе го надминат проблемот кој го имале со собирањето на кабастиот отпад и ги повика граѓните да се јават на бесплатниот телефон 0 800 222 33 и да ја повикаат службата за да го собере нивниот отпад.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски апелираше до граѓаните да ги почитуваат термините коишто ќе бидат определени за изнесување на овој вид отпад и рече дека тие како општина ќе се потрудат навремено да ги информираат за определените термини и локации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП