21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот парламент го усвои буџетот за 2016-та

Грчкиот парламент го усвои буџетот за 2016-та

grchki-parlament77

Грчкиот парламент со тесно мнозинство, 153 гласа од пратениците од владејачката коалиција на радикалната левица Сириза и националистите од Независни Грци (Анел), од вкупно 300 мандати, ноќта кон неделата го поддржа предлог буџетот за 2016 година.

Против предлогот гласаа сите опозициски партии, иако се очекуваше дека најголемата опозициска партија, Нова демократија од десниот центар, која обично се согласува со барањата на грчките надворешни доверители, ќе го поддржи буџетот на земјата кој го одобри четворката меѓународни кредитори – Европската унија, Европската центрана банка, Европскиот механизам за стабилност и Меѓународниот монетарен фонд. Пред гласањето во парламентот во Грција во петокот беше прогласен генерален штрајк, и се одржаа бројни протести против усвојувањето на буџетот, кој како и сите претходни од 2011 година е рестриктивен, со многу кастрења.

За да ја зајакне позицијата, премиерот Алексис Ципрас мината сабота се обиде да ја придобие опозицијата, во којашто предничи Нова демократија која обично ги поддржува мерките договорени со кредиторите, но наиде на спротиставување и од десницата и од социјалистите, иако тие на 13-ти јули го одобрија договорот за третиот надворешен пакет финансиска помош од 86-те милијарди евра, кој предвидува реформи во пензискиот, даночниот и здравствениот систем, како и приватизација на големите национални компании.

Две седмици пред гласањето, прогнозите за економските показатели беа подобрени. Креаторите на буџетот појдоа од податокот дека во 2015 година нема да има пад на грчката економија. Во 2016 година прогнозираат рецесија од 0,7 отсто со прилично конзервативно процени. Бруто домашниот производ (БДП) во оваа година се очекува да изнесува 175,658 милијарди евра, а во следната 2016 година – 174,438 милијарди евра.

Владата на Ципрас се соочува со голем притисок за да оствари видливи резултати и позла за најсиромашниот дел од населението. „Овој буџет е тешка задача за владата којашто сака да остави своја трага во социјалната правда“, им порача на пратениците пред гласањето премиерот Ципрас.

Министерството за финансии очекува да го извршува буџетот за 2016-та со примарен суфицит од 3,126 милијарди евра. Приходите во буџетот се проектирани на 53,527 милијарди, а расходите на 55,751 милијарда евра.

Според изгласаниот буџет за 2016 година, за 5,7 милијарди евра ќ се намали јавната потрошувачка. Од тоа 1,8 милијарди евра ќе претставуваат кастрења во пензискиот систем, а за 500 милиони евра ќе бидат намалени и средствата наменети за одбраната. Според пресметката, со собирање на даноците би се собрале малку повеќе од 2 милиона евра.

Кога станува збор за јавниот долг, тој ќе порасне од 316, 503 милијарди евра во 2015 година до 327,603 милијарди евра во 2016 година, или за 11,1 милијарди евра. Во процентниот соодносот јавниот долг изнесува 180,2 отсто од тековната сегашниот и 187,8 отсто во следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП