9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПроменете ја перцепцијата така што таа ќе ве потикнува и нема да...

Променете ја перцепцијата така што таа ќе ве потикнува и нема да ве попречува

businesswoman-thinking

Искуството за сопствениот живот се менува во согласност со тоа како ги гледате и паметите случувањата, велат новите истражувања. За да ја промените перцепцијата, односно начинот на гледање на работите, така што таа ќе ве потикнува, а нема да ве попречува во животот, пробајте со овие нешта.

Ова се вистини за кои самите одамна сте свесни, но не е лошо повторно да се потсетите…

Повторете ги овие реченици кога сте под стрес, во страв и неизвесност, разочарани од исходот на некоја ситуација или сте бесни што работите не одат онака како што сте планирале, и набрзо ќе се чувствувате подобро. На долги патеки, повторувањето на овие афирмации, ќе ве доведе до тоа вашиот став да се промени, да стане попозитивен и отпорен на животните незгоди:

1. Во животот никогаш не оди се според планот, без оглед колку вие се трудите и го контролирате.

2. Промените се неизбежни, зошто тогаш да не ги прифатите ?

3. Да ги пуштите работите да се движат по својот тек е застрашувачки, но во исто време и силно ослободувачки. Тоа е сокриен подарок.

4. Сосема е во ред да бидете целосно свои и сами, бидејќи понекогаш растот и развојот е патување на кое се оди сам.

5. Кога ќе научите да бидете флексибилни, ќе развиете способност за прилагодување. Кога ќе се прилагодите, ќе станете разумни, чувствителни и трпелии, особено кога работите ќе излезат надвор од контрола.

6. Држењето цврсто до одредени идеали и размислувања може понекогаш да ве уништи. Од време на време е потребно да ги прекршите правилата.

7. Никогаш не ја потценувајте моќта на тишината. Некои од најдлабоките увиди произлегле од најтивките места.

8. Вашата внатрешна сила се манифестира тогаш кога сте подготвени да се соочите со своето страдање. Тогаш сте посилни од тоа што мислите.

9. Помалку зборување, повеќе работа

10. Прифатете ги сите свои склоности, добри и лоши, бидејќи тоа се особините кои ве прават прекрасно и вистинско човечко суштество.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП