19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКорумпиран глас во ФИФА чини 9 милиони евра

Корумпиран глас во ФИФА чини 9 милиони евра

fifa izbori 003

Доколку некогаш сте се запрашале колку чини еден корупиран глас во ФИФА, одговорот го има ФБИ. Британскиот сервис BBC објави дека некои челници на ФИФА примале мито во износ од девет милиони евра.

BBC, пишува дека ‘обвинетиот под број 17’, чие име е непознато за јавноста, на ФБИ му открил дека некои челници на ФИФА, примале мито во износ од девет милиони евра. Според истиот извор за тие пари требало да ја поддржат кандидатурата на Јужна Африка за домаќин на Светското првенство во 2010 година.

‘Обвинетиот 17’, признал дека извршил три уплати на сметката на поранешниот потпретседател на ФИФА, Џек Ворнер, кој веќе ја признал и засекогаш е изфрлен од фудбалското семејство.

ФБИ, во четвртокот, уапси уште 16 членови на ФИФА и според BBC прашање на време е кога уште некој ќе ‘пропее’.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП