9 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот БДП во четвртиот квартал порасна за 0,4 проценти

Американскиот БДП во четвртиот квартал порасна за 0,4 проценти

American flag waving in blue sky

Американската економија порасна во четвртото тромесечје посилно отколку што беше првично проценето, за 0,4 проценти, објави министерството за трговија во заклучната проценка.

Претходно беше проценето дека економијата во основа стагнирала, забележувајќи раст од само 0,1 процент на годишно ниво.

Новите податоци покажаа дека извозот и деловните инвестиции во структурата и опремата биле повисоки отколку што се очекувало, додека, ревидарните податоци истовремено сигнализирале дека потрошувачката не била така голема како што се проценувало претходно.

Растот, сепак, и понатаму останува слаб и „ревизијата на БДП не ја измени општата слика за економијата“, истакна министерството во вчерашното објавено соопштение.

Во третото тромесечје, економијата пораснала за солидни 3,4 проценти.

Во целата 2012 година, БДП пораснал за 2,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП