ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабележан економски раст во Унгарија

Забележан економски раст во Унгарија

ungarijabro782fgf3jrt

Бруто домашниот производ на Унгарија во третиот квартал порасна за 2,4 проценти на годишно ниво, благодарение на добрите резултати во преработувачкиот и услужниот сектор.

Во земјоделскиот сектор производството е намалено, соопшти Заводот за статистика во Будимпешта.
Заводот минатиот месец процени дека економскиот раст во третиот квартал изнесувал 2,3 проценти, пренесува унгарската агенција МТИ.

Активноста на индустрискиот сектор пораснала за 5,2 проценти, а на услужниот 3,7 проценти, додека градежната активност е намалена за 0,5 проценти, а земјоделската за дури 18 проценти. Индустријата во вкупниот економски раст придонесе со 1,0 проценти, услужниот сектор со 1,9 проценти, а земјоделството имаше негативно влијаение од 0,9 проценти.

Земајќи ги во предвид сезонските и календарските фактори, БДП во три месеци заклучно со септември е зголемен за 2,3 проценти на годишно ниво и 0,6 проценти на квартално ниво.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП