20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина планира 110 нуклеарки до 2030-та

Кина планира 110 нуклеарки до 2030-та

кина-нуклеарки

Кина планира зголемување на производството на нуклеарна енергија, а целта ѝ е до 2030 година во функција да стави 110 нуклеарни централи, пренесуваат во петокот државните медиуми.

Нуклеарната енергија од реакторите во изградат, и оние коишто се веќе во фунцкија, ќе постигнат 88 гигавати до крајот до 2020 година, пишува China Daily, цитирајќи го новиот закон за енергетика. Кинеската влада во моментов го разгледува петгодишниот енергетски план, за периодот од 2016 до 2020 година.

Кина има 30 нуклеарни реактори во погон и уште 21 во изградба. Според нацрт планот, ќе издвои 78 милијарди американски долари за новите нуклеарни централи, имајќи цел да извлече 10 отсто од вкупната енергија од нуклеарните изводи до 2030 година.

Имајќи предвид дека е трета на светот според резервите на јаглен, близу 70 отсто од енергијата на Кина сé уште доаѓа од јагленот. Населението од 1,3 милијарди луѓе согорува јаглен колку и остатокот од светот, поради што земјата е и со најголемата емисија на стакленички гасови во светот.

Зголемување на производство од нуклеарната енергија е важен дел од напорите на владата во Пекинг да ја намали значително зависноста од јаглен и да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид. Горењето на јагленот, исто така, е голем извор на штетниот смог кој често ги обвива кинеските градови.

Во март 2016-та, Кина ќе започне со градењето на првиот нуклеарен реактор по суспендирањето на овие активности по катастрофата во јапонската нуклеарна централа Фукушима 1 во март 2011 година, предизвикана од катастрофалниот земјотрес со магнитуда од 9 степени по Рихтер и гигантското цунами чии бранови со восочина до десет метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП