1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРеализација на втората етапа од проектот Европа овде Европа таму

Реализација на втората етапа од проектот Европа овде Европа таму

овде-таму

Во рамките на програмата за културна соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија, студенти од различни катедри на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска театарска и Танцова академија, во периодот меѓу 1-ви и 6-ти декември, се присутни во поголем број културни институции во Нормандија.

Студентите по фотографија од класата на проф. Роберт Јанкуловски заедно со нивните колеги од „Куќата на аудио-визуелните уметности“ од Нормандија приредија изложба во Градската виблиотека во Каен која значи поглед на денешната млада генерација во Франција и Македонија на 100-годишнината од Првата светска војна.

Студентите по актерска игра од класата на проф. Рубенс Муратовски приредија музичко-поетски спектакл во театарот „Хипоком“ во Каен, инспирирани од творештвото на македонските писатели, посветено на Прва светска војна.

Во антологискиот избор се застапени поетите Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Петре Андреевски, Јован Котески, Живко Чинго, Адем Гајтани и Хасан Мерџан.

Овој тригодишен проект кој првата година се одвиваше на тема: фотографија, втората година на тема книжевност, третатата година ќе биде посветен на француската и македонската кинематографија и нивната поврзаност со Првата светска војна .

Проектот се остварува со сесрдниот ангажман на Канцеларијата на АЛДА во Скопје, а автори на три-годишниот проект се Константин Плевнеш и Илина Мангова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП