18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакциите повторно најзаслужни за зголемениот промет на Македонската берза

Блок трансакциите повторно најзаслужни за зголемениот промет на Македонската берза

berza5-564x272

На Македонската берза за хартии од вредност во петокот беа реализирани две блок трансакции кои заедно придонесоа за 90 отсто од вкупниот промет кој изнесуваше 19.245.404,81 денари.

Поголемиот блок беше со акциите на „ЗК Пелагонија“ АД Битола каде беа истргувани вкупно 9.280 акции по цена од 1.600,00 денари, односно промет од 14.848.000,00 денари.

Преку втората блок трансакција со акциите на „Комерцијална Банка“ АД Скопје беше истргувана помала количина акции споредено со претходните трговски денови оваа недела, односно 1000 акции при што цената на акцијата се намали за минимални 0,01 отсто.

Ова беа единствените хартии од вредност денеска кои имаа промет од над милион денари. Останатите акции имаа скромно учество во денешниот трговски ден.

МБИ10 забележа пад од минимални 0,01 отсто и изнесуваше 1.770,45 поени, додека пак ОМБ се остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП