9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цените на нафтата, OPEC го крена производниот плафон

Пад на цените на нафтата, OPEC го крена производниот плафон

nafta 93939

Цената на нафтата падна во петокот на светските берзи откако Организацијата на држави-извознички на нафта (OPEC) неочекувано го крена производниот плафон и покрај прекумерната понуда.

На лондонската берза цената на барелот попладне беше во минус 47 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 43,37 долари. На американскиот пазар со барелот се тргува по 66 центи пониска цена, од 40,44 долари.

И покрај очекувањата дека на денешниот состанок во Виена нема да се менува производната политика, OPEC неочекувано го зголеми производниот плафон од 30 на 31,5 милиони барели, што се толкува како официјално потврда за реалното ниво на производство.

„Општо гледано, се чини дека ништо позначајно не се промени. Производството мора да се намали надвор од OPEC, па вниманието повторно ќе се насочи на американските производители“, толкува Оле Хансен, од Saxo Bank.

Пред една година OPEC донесе историска одлука за задржување на високото ниво на производство и покрај наглиот пад на цената за да стави акцент на пазарниот удел.  Целта беше со тоа во прв ред од пазарот да се истиснат американската конкуренција која нафтата ја произведува од шкрилци.

Посиромашните членки на OPEC побараа од побогатите на чело со Саудиска Арабија да се согласи на намалување на снабдувањето, но Ријад и неговите сојузници повторно покажаа решителност да продолжат со стратегијата за заштита на пазарниот удел. Саудискиот министер за нафта Али ал-Наими изјави во пресрет на состанокот дека растечкото глобално производство би можело да го апсорбира очекуваниот скок на иранското производство.

На страната на побарувачката Кина веројатно ќе го удвои откупот на стратешки резервни на сирова нафта во наредната година за да ја искористи ниската цена. Се очекува Пекинг во наредната година да ги зголеми резервите за 70 до 90 милиони барели.

OPEC на својата интернет страна објави дека цената на барел референтна кошничка негова нафта во четвртокот изнесувала 37,89 долари, што е пад за 57 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП