2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКлиниката за неврологија доби нов компјутерски томограф

Клиниката за неврологија доби нов компјутерски томограф

tomograf 33

Клиниката за неврологија во Скопје доби нов современ компјутерски томограф, што ќе овозможи полесно и побрзо дијагностицирање на пациентите.

„Овде доаѓаат случаи за кои е многу важно времето, односно дали во првите два­три часа ќе се утврди дијагнозата и ќе се даде соодветната терапија. Се што е подоцна може да предизвика серозни последици, така што секое забрзување при одредување на дијагнозата и давањето терапија може да значи живот. Скратувањето на движењето на пациентите од една до друга клиника заради снимање, односно забрзувањето на овој процес значително ќе помогне во забрзувањето на сите овие процедури“, истакна премиерот Никола Груевски кој заедно со министерот за здравство Никола Тодоров присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на апаратот.

Претходно, на Клиниката имало еден многу стар еднослајсен апарат, заради што пациентите биле препраќани на Радиологија, со што се губело доста време.

„Тој ќе се користи за брзо дијагностицирање, по што веднаш ќе се утврди потребната терапија и интервенција“, рече Груевски.

Новиот компјутерски томограф чини 20 милиони денари, а според функцијата, тој набрзо ќе се исплати.

Премиерот Груевски најави и дека по осумте досегашни намалувања на цените на лековите, во вредност од 33 милиони евра, следната година се планирани две нови намалувања.

„Овој тренд ќе продолжи и во следната година и тоа двапати, еднаш во март и еднаш во октомври. Тоа значи дополнителни две нови намалувања на цените на лековите следуваат во 2016 година“, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на компјутерскиот томограф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП