26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеконструиран Центарот за социјални работи во Битола

Реконструиран Центарот за социјални работи во Битола

bitola

Проектот за реконструкција на објектот на Центарот за социјални работи  во Битола е целосно завршен, а додека проектите за реконструкцијата на објектот на Центарот за вработување, дневниот центар за аутизам и патеката за слепи лица во градскиот парк се во завршна фаза.

Ова во петокот го констатираа заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Заменик министерот истакна дека за реализација на двата проекти, односно за Центарот за вработување и Центарот за социјални работи беа издвоени средства од донатори од Светска банка и од Европската унија во вредност од околу 21 милион денари.

За дневниот центар за аутизам општината Битола обезбеди простор, додека пак министерството започна со реновирање и адаптација на просторот и истиот се очекува да биде во функција во наредната 2016 година.

Градоначалникот Талески информираше дека кон средината на 2016 година во просториите на урбаната заедница „Стив Наумов“ во населба Буковски ливади, ќе се отвори дневен центар за стари лица и 2017 година дневен центар за лица со посебни потреби и со инвалидитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП