18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобрз економски раст во Германија, побавен во Франција

Побрз економски раст во Германија, побавен во Франција

bdp_rast_i_pad_simbol_670x0

Централните банки на двете водечки економии денес претставија спротивни прогнози за наредните години, па во Германија се очекува забрзување, а во Франција забавување на економскиот раст.

Централната банка на Германија ја зголеми денес прогнозата за економскиот раст на оваа земја за 2017 година, задржувајќи ги непроменети прогнозите за тековната и идната година, додека централната банка на Франција ја намали прогнозата за 2016 и 2017 година, а ја задржа прогнозата за 2015 година, пренесува агенцијата Франс прес.

„Економистите на Бундесбанк очекуваат дека германскиот реален бруто домашен производ (БДП) оваа година ќе порасне за 1,7 проценти, потоа за 1,8 проценти во 2016 година и за 1,7 проценти во 2017 година“, се наведува во соопштението на германската централна банка, која претходно прогнозираше раст од 1,5 проценти за 2017 година.

Француската централна банка, од друга страна, ја намали прогнозата за раст на БДП за 2016 година на 1,4 од 1,8 проценти, а за 2017 на 1,6 од 1,9 проценти. Истовремено, банката на Франција ја задржа овогодишната прогноза за растот на БДП од 1,2 проценти.

Банката наведува дека прогнозата е намалена поради забавувањето на глобалниот економски раст и пониското од очекуваното ниво на деловните инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП