17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА211.000 нови работни места во САД во ноември

211.000 нови работни места во САД во ноември

amerika rabotnici 33

Вработувањето во САД се зголеми за 211.000 во изминатиот месец, што надминува ги просечните очекувања на пазарот за 200.000 нови работни места.

За споредба, во октомври беа отворени 271.000 нови работни места, што беше најголемото покачување за оваа година. Податоците ги потврдија очекувањата дека ФЕД ќе превземе чекор за зголемување на каматните стапки на следната седница во средината на овој месец.

Во исто време стапката на невработеност се задржала под седумгодишното дно од 5%, посочија уште податоците. Во оваа недела шефот на ФЕД, Џенет Јелен предупреди за опасностите, доколку чекаат премногу долго со покачувањето на каматните стапки.

Топлото време сезонава исто така има влијание за најдобрите податоци за вработеноста во ноември. Силната шопинг сезона ги натерала компаниите за ангажирање на дополнителна работна сила за празниците, многу порано од вообичаеното.

Во изминатиот месец средната час плата се зголеми за 0,2% на месечна основа, што одговори на просечните очекувања на пазарните учесници. Во октомври средната час плата регистрира пораст од 2,5% на годишна основа, што беше најголемиот од јули 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП