20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжи падот на европските берзи

Продолжи падот на европските берзи

evropski-berzi-euroberzi

Цените на акциите на европските берзи во петокот благо паднаа, по острите загуби во претходниот ден, кога Европската централна банка разочара со нови, поблаги од очекуваните поттикнувачки мерки.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 12.00 часот беше во минус 0,2 отсто, на 1.460 поени, откако вчера потона 3,3 отсто, што е најголем дневен пад од крајот на август.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше во минус 0,25 отсто, на 6.261 поен, додека франкфуртски DAX ослабна 0,20 отсто, на 10.776 поени, а париски CAC 0,30 отсто, на 4.715 поени.

Вчера на европските берзи цените на акциите остро паднаа бидејќи претходните денови растеа во очекување на нови поттикнувачки мерки на ЕЦБ. Но вчера централната банка ги разочара инвеститорите.

Европската централна банка, сепак, ја продолжи програмата за откуп, позната како квантитативно олабавување, за шест месеци, до март 2017  година. Но, инвеститорите очекуваа и зголемување на вредноста на пакетот, кој изнесува околу 1.000 милијарди евра.

Челниците на ЕЦБ на вчерашната седница ја снижија и каматната стапка на депозити на банките од минус 0,2 на минус 0,3 отсто, но и тоа е поблаг потег од што се очекуваше.

„Берзите очекуваа дека централната банка  ќе вбризга дополнителни средства, но тоа не се случи, па инвеститорите сега само ги прилагодуваат своите проценки за очекувањета во врска со централната банка“, вели Петер Диксон, економист во Commerzbank.

Од друга страна, американската централна банка се подготвува на седницата на средината на декември да ги зголеми клучните каматни стапки првпат по 2006 година.

Меѓу најголемите губитници денеска на европските берзи беше акцијата на инженерската компанија Sandvik, со пад на цената за над 3 отсто, бидејќи аналитичарите JP Morgan ја намали препораката за оваа акција.

Од друга страна, меѓу најголемите добитници, со скок на цената за 4 отсто, се издвои акцијата на AXA, бидејќи осигурителната компанија најави можност за раст на инвестициите и на дивидендата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП