27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалување на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Намалување на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

gradezni kompaniie

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за третото тримесечје од 2014 година, се пониски за 2.4%.

Во третото тримесечје од 2015 година, во споредба со второто тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0.5%, трошоците за материјали се пониски за 1.3%, а трошоците за вработените се повисоки за 1.5%.

Во третото тримесечје од 2015 година, во споредба со третото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 2.4%, трошоците за материјали се пониски за 4.3%, а трошоците за вработените се повисоки за 2.8%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП