19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот до ноември 3,73 милијарди долари

Извозот до ноември 3,73 милијарди долари

izvoz 50

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-октомври 2015 година, изнесува 206 127 946 илјади денари, изразена во долари 3 727 580 илјади САД долари, односно 3 345 588 илјади евра.

Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во периодот јануари-октомври 2015 година,  изнесува 290 579 578 илјади денари, изразена во долари 5 253 133 илјади долари, односно 4 716 335 илјади  евра.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври 2015 година, изнесува 84 451 632 илјади денари, изразен во долари 1 525 553 илјади САД долари, односно 1 370 746 илјади евра.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-октомври 2015 е 71.0% .

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи  со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се  застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП