17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина вети 60 милијарди долари за развој на Африка

Кина вети 60 милијарди долари за развој на Африка

kineski pretsednik 222

Претседателот на Кина Си Џинпинг изјави за време на форумот за соработка меѓу Кина и Африка, дека неговата земја ќе обезбеди 60 милијарди долари во следните три години за финансирање на развојот на континентот, објави „Ројтерс“.

Си истакна широк план за развој од десет точки, кој ќе вклучува бескаматни кредити и стипендии за студентите и научниците од континентот.

„За да се обезбеди успешна реализација на овој план за соработка, Кина реши да обезбеди вкупно 60 милијарди долари како финансиска помош“, рече Си на самитот.

И покрај забавувањето на економијата на земјата, Си изјави дека Кина ќе ги зајакне инвестициите во фабрики за производство на стоки за извоз во Африка, во прилог на градење на патишта, пристаништа и железнички линии на континентот, кој одамна се смета како главен извор на суровини за Кина.

Кина исто така ќе ги поништи постоечките долгови со нула камата за најнеразвиените земји, кои треба да се вратат до крајот на 2015-та година, рече тој.

Кина ќе ја зајакне соработката со Африка во борбата против насилството и екстремизмот и нема да се меша во политичкиот избор на земјите од континентот, вети кинескиот претседател.

„Кина ќе започне со реализација на планот за соработка со Африка во следните три години. Овие планови се насочени кон решавање на трите прашања кои го попречуваат развојот на Африка, имено, недоволната инфраструктура, недостатокот на професионални и квалификувани кадри и недостигот на средства“, посочи претседателот на Кина.

Кинеско влијание се гледа од многу Африканци како здрава противтежа на Западот, иако западните влади ја обвинуваат Кина дека ги затвора очите за многу локални конфликти и за кршењето на човековите права, додека ја извршуваат својата политика на континентот.

Неодамнешното забавување на побарувачката во Кина нанесе штета на овие африкански земји, зависни од извозот.

Кинеските инвестиции во Африка се намалија за 40% во првата половина од годината, според кинеското министерство за трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП