ЕКОНОМИЈА

Исплатени пензиите на 300.047 пензионери

penzioneri

Министерството за финансии во петокот соопшти дека се исплатени пензиите за декември, додавајќи дека на сметките на вкупно 300.047  пензионери префрлени се 3 милијарди 849 милиони денари (62,5 милиони евра).

Просечната пензија заклучно со овој месец изнесува 13.077 денари.

Исплатата на пензиите се одвива и ќе продолжи да се одвива редовно во секоја прва недела од месецот, се истакнува во соопштението.