5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖивотот е подеднакво кршлив, кампања за безбедност во сообраќајот

Животот е подеднакво кршлив, кампања за безбедност во сообраќајот

podednakvo6666

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за време на новогодишните празници, период на убаво расположение, забави, но и алкохол и брзо возење, почнува со кампањата „Животот е подеднакво кршлив” во која главниот акцент ќе биде ставен на младите и неискусни учесници во сообраќајот.

Целта на кампањата е да им покаже на младите луѓе дека брзото возење, употребата на мобилен телефон и конзумирањето алкохол при управување со моторното возило се една од главните причини за сообраќајни несреќи, и тие во комбинација со неискусен возач може да бидат предизвикувачи на сообраќајна несреќи со фатални последици.

Кампањата првенствено ќе има едукативен карактер, преку специјално дизајнирани едукативни материјали кои ќе бидат поделени на споменатата популација. Тие содржат пораки и совети коишто младите треба да ги почитуваат за да бидат безбедни на патиштата.

Натаму, младите преку промотивни и едукативни активности ќе се едуцираат на оваа тема. Во рамки на кампањата РСБСП ќе продолжи со совети и предавања за младите, а во Скопје и низ Македонија ќе има штандови со материјали и едукација.

Во кампањата како партнери се вклучуваат ноќниот клуб „Станица 26“ и ресторанот „Барбакан“ каде што преку тематски ноќни забави ќе се едуцираат најмладите на оваа тема.

Од РСБСП посочуваат дека нивната цел е преку овие активности да ги објаснат ризиците и опасности кои ги демнат при несоодветно и небезбедно учество во сообраќајот и тоа непосредно пред да влезат во својот автомобил.

Инаку, статистиката покажува дека во светски рамки сообраќајни несреќи се причина број еден за смртност помеѓу младите на возраст од 15-19 години и втора причина за смртност на младите помеѓу 20-24 години. Во Македонија во првите девет месеци се случиле повеќе од 1.000 сообраќајни несреќи во кои причината била брзото возење или пак возење под дејство на алкохол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП