3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветските цени на храната се намалија во ноември

Светските цени на храната се намалија во ноември

price food 333

За прв пат по три месеци во ноември се намалија Светските цени на храната, а како придонес за тоа имаат најсилниот долар и високата понуда, објави Организацијата за храна и земјоделство (FAO), специјализирана агенција на Обединетите нации (ОN), цитирана од „Ројтерс“.

Индексот на цените на храната на „FAO“, кој во предвид ги зема месечните промени во корпа од житарки, маслодајни култури, шеќер, месните и млечните производи, достигна просечна вредност од 156,7 поени во ноември, во однос на ревидираните 159,3 поени еден месец претходно.

Падот од 1,6% се случува по два последователни месеци на поскапување, а во ноември цените на меѓународните пазари остануваат за 18% поевтини во однос на една година претходно, посочуваат од „FAO“.

Индексот се намалува во текот на поголемиот дел од изминатите 20 месеци, делумно благодарение на големата светска понуда. Во моментов тој е со речиси два поени над шестгодишното дно постигнато во август.

Силниот долар може уште повеќе да ги намали цените во наредните месеци, изјави главниот економист на „FAO“, Адболреза Абасјан за „Ројтерс“.

Организацијата ја намали својата прогноза за светскиот принос на жито во 2015-2016 година до 2,53 милијарди тони. Таа ја намали прогнозата за екстракција на пченица во текот на истиот период до 734,5 милиони тони од очекуваните пред тоа 736,2 милиони тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП