4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на Волстрит, ЕЦБ разочара

Остар пад на Волстрит, ЕЦБ разочара

wall street

Берзанските индекси на Волстрит остро паднаа во четвртокот, бидејќи инвеститорите ги разочараа поблаги од очекуваните поттикнувања на Европската централна банка (ЕЦБ).

Dow Jones се спушти на 252 поени, или 1,42 отсто, на 17.477, додека S&P 500 потона 1,44 отсто, на 2.049 поени, а Nasdaq се спушти 1,67 отсто, на 5.037 поени.

Падот на S&P 500 на најниско ниво од почетокот на ноември е последица на падот на цените во сите 10 сектори од индексот при што најмногу, за околу 2 отсто, потонаа и здравствениот и енергетскиот сектор.

Инвеститорите најмногу ги разочара Европската централна банка, која, сепак, ја продолжи програмата за откуп, позната како квантитативно олабавување, за шест месеци,  до март 2017  година. Но, инвеститорите очекуваа и зголемување на вредноста на пакетот, кој изнесува околу 1.000 милијарди евра.

Челниците на ЕЦБ на вчерашната седница ја снижија и каматната стапка на депозити на банките од минус 0,2 на минус 0,3 отсто, но и тоа е поблаг потег од што се очекуваше.

„Најмногу на берзите вчера влијаеше одлуката на ЕЦБ бидејќи нејзиното дополнително олабавување на монетарната политика не ги задоволи берзите“, рече Петер Туз, претседател на Chase Investment Counsel.

Од друга страна, американската централна банка се подготвува на седницата на средината на декември да ги зголеми клучните каматни стапки прв пат по 2006 година.

И на европските берзи цените на акциите вчера остро паднаа. Лондонски FTSE се спушти за 2,27 отсто, на 6.275 поени, додека франкфуртски DAX потона за 3,58 отсто, на 10.789 поени, а за толку падна и париски CAC, потонувајќи на 4.730 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП