8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонско јајце на трпезата на НАТО

Македонско јајце на трпезата на НАТО

vezesari 33

Македонската компанија за производство на јајца Везе Шари почна да ја снабдува американската армија во НАТО алијансата. Првата нарачка веќе е направена во ноември.

„Благодарение на компанијата Еколог, која е присутна во целиот свет и е една од компаниите снабдувачи на НАТО и ОН, ние почнавме да ја снабдуваме американската војска во НАТО со наши производи секаде во светот. За нас ова има огромно значење, затоа што токму во годината кога одбележуваме 15 години постоење, се потврдува квалитетот на нашите производи“, вели Арбен Абдурахмани, сопственик на Везе Шари.

Абдурахмани се надева дека за кратко време, освен со јајца, НАТО ќе се снабдува и со сувомеснати производи од компанијата Лекер, што секако ќе зависи од потребата на Еколог.

За партнерката од Германија, Клаудија Семилер, оваа соработка е плод на макотрпна работа досега.

„Оваа соработка, пред сѐ, е плод на нашата досегашна макотрпна работа и заложби. Она што ни значи е дека се повеќе земји ширум светот го препознаваат нашиот квалитет, во конкретниов случај станува збор за соработка со базата на НАТО во Авганистан. Соработката, воедно, е и дел од мисијата на компанијата за продуктно ширење во нови географски реони каде што постои ваков потенцијал. Оваа година поставивме високи цели, согласно нашата бизнис стратегија за раст и развој. Во план се нови инвестиции”, објаснува Семилер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП