26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо третиот квартал шведската економија забележа двојно поголем раст од очекуваниот

Во третиот квартал шведската економија забележа двојно поголем раст од очекуваниот

kruni svetska 335555

Економијата на Шведска се зголеми двојно побрзо отколку прогнозите на економистите кои беа поддржани од растот на извозот и потрошувачката, кои го олеснија притисокот врз централната банка за обезбедување на нови иницијативи.

Економијата е зголемена за 0,8% во третиот квартал, наведува статистичката служба на Шведска во својата порака. Прогнозите на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, покажуваа раст од 0,4%. Економијата забележува раст од 3,9% на годишна основа во однос на оценката од 3,4%. Вредноста на шведската круна се зголеми за 0,4% до 9,216 за евро.

„Ова покажува широк и висок раст на шведската економија, а развојот е посилен отколку „Riksbank“ што предвидуваше“, вели Андрес Валстром, аналитичар од „Nordea“.

„Ова јасно ја намалува можноста за дополнително олеснување на монетарната политика од страна на „Riksbank“, но не можеме да кажеме дека оваа врата е затворена – пазарните ефекти од одлуката на ЕЦБ во четврток ќе бидат критични“, додава тој.

Централната банка на Шведска ги намали основните каматни стапки до невидените -0,35% и започна програма за откуп на обврзници, за да заживее инфлацијата на најголемата нордиска економија.

Силната економија значи дека банката нема автоматски да ги намали стапките на средбата во следниот месец, дури и ако Европската централна банка воведе нови поволности оваа недела, изјави заменик-Гувернерот на „Riksbank“, Сесилија Скингсли.

Фиксните инвестиции се зголемија за 1,2% во однос на вториот квартал, а извозот и увозот предвидоа зголемување од 2,1%. Растот на приватните трошоци изнесува 0,7%.

Инфлацијата во Шведска тешко се зголемува, бидејќи програмите на ЕЦБ ја засилуваат круната во однос на еврото. Потрошувачките цени се зголемија за 0,1% на годишна основа во текот на минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП