26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на европските берзи поради надежите за олабавување на монетарната политика

Раст на европските берзи поради надежите за олабавување на монетарната политика

evro-berzi-berza-evropa

Денеска цените на акциите благо пораснаа со оглед на тоа дека инвеститорите се надеваат дека европската централна банка (ЕЦБ) оваа недела ќе најави дополнително олабавување на монетарната политика.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11.00 часот беше во плус 0,3 отсто, откако во петокот ослабна 0,3 отсто.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше во минус 0,20 отсто, на 6.363 поени, додека франкфуртски DAX зајакна 0,75 отсто, на 11.378 поени, а париски CAC 0,50 отсто, на 4.953 поени.

Европските берзи имаат поддршка од надежите дека Европската централна банка (ЕЦБ) уште во оваа недела би можела да најави олабавување на монетарната политика.

„Инвеститорите и натаму се оптимисти во пресрет на седницата на челниците на ЕЦБ во четврток, што и минатата недела беше главен придвижувач на берзите“, рече Карио Алберто Де Каза, аналитичар во компанијата ActivTrades.

Меѓу добитниците изутрината, со раст на цената за над 2 отсто, се издвои акцијата на Lufthansa, откако раководството на германската авиокомпанија се договори со синдикатите за платите за околу 33.000 вработени.

Од друга страна, меѓу најголемите губитници се издвои акцијата на BHP Billiton, со пад на цената за над пет отсто, по написите дека Бразил би можел да бара отштета од сопственикот на тамошниот рудник на јаглен, поради пукање на брана што нанесе штета од над 5 милијарди долари.

Остро, за над 7 отсто, падна и цената на акциите на Delta Lloyd, откако третата по големина холандска осигурителна куќа објави дека нема оваа година да исплати дивиденда и најави издавање на нови права на акциите со цел да го зголеми капиталот.

На азиските берзи, пак, берзанските индекси изутрината паднаа како последица на продолжениот пад на цените на акциите на кинеските берзи, откако во петокот потонаа за над 5 отсто, што беше и најголем дневен пад за над три месеци.

Минатонеделниот пад на индексите во Шангај аналитичарите го припишуваат на спроведувањето на истрага на регулаторните власти во некои од најголемите кинески брокерски куќи, како и на забавувањето на растот на втората по големина светска економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП