26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако настануваат „градовите духови“?

Како настануваат „градовите духови“?

det1

Американскиот град Детроит, кој се наоѓа на работ на банкрот, доби нова управа.

Експертите говорат за тенденција на банкарството не само во одредени градови, туку во целиот регион.

Детроит доби управен директор, кој како управник во време на криза ќе има широк обем на овластувања. Во случај неговата мисија да пропадне, престолнината на американската автомобилска индустрија ќе стане најголемит град кој банкротирал.

Ситуацијата ја коментира раководителот на Центарот за економски истражувања на институтот за глобализација и социјални движења Василиј Колташов:

„Изумирањето на градовите во цела Америка и Европа е поврзано со трансферот на индустриите во Кина и земјите од третиот свет во текот на последните 15 години и на таканаречената индустриска периферија на глобалниот економски систем. Таа тенденција пред се, е најзабележителна во најразвиените земји од светот кои работат по принципите на капиталистичкиот систем. САД, Европа, Јапонија – овде доаѓа до централизација на финансиите. Но, тоа не создава просперитет, од единствена причина, бидејќи властите не можат да најдат решение за економските проблеми. Се чини, исто така, дека властите не се ни обидуваат да најдат решение“.

Всушност, тие се тие коиво послените неколку години ја конзервирале кризата. И единствен нивни успех, е тоа што го ограничија понатамошниот развој на кризата.

Цела низа на експерти се сложува во тоа дека, до појава на овие „градови духови“ дошло поради фактот дека современиот систем на производство не бара толку многу работници, како некогаш.

Сепак, не би требало да се прави драма од ситуацијата. Денес, кога сме сведоци на бројни политички и економски промени на глобално ниво, би требало да очекуваме и зголемување на бројот на вакви „градови духови“. Секој од нив има некоја своја приказна и историја.

На крстопатот на трговските патишта, транзитните точки на пловните патишта, како пунктови за одбрана – градовите се раѓале од практични потреби.

И умирале штом ќе им исчезнела потребата. Повторното создавање е поскапо. Комплетното рушење – нема смисла. Така, на властите не им се брза. Од друга страна, најважниот сојузник – времето, и без човечка помош ќе ги избрише „градовите духови“ од лицето на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП