26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ја пушта во промет новата банкнота од 20 евра

ЕЦБ ја пушта во промет новата банкнота од 20 евра

000b6a9d-642

Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја пушти денес во промет новата банкнота од 20 евра со унапредени безбедносни карактеристики со цел спречување на фалсификувањето.

Новиот детал „портрет прозорец“ во близина на холограмот станува транспарентен кога банкнотата ќе се насочи кон светлина и се открива портретот Европа, феничанската принцеза од грчката митологија по која Стариот континент го добил името, пренесува агенцијата Франс прес.

„Готовината била и ќе продолжи да биде важно средство за плаќање. Воведувањето на новата банкнота од 20 евра е опиплив доказ за тоа“, изјави член на извршниот одбор на ЕЦБ, Ив Мерш.

Новата банкнота, која 4,3 милијарди e поизведена досега, посетепено ќе ги замени 20-те евра од првата серија, која ќе остане сеуште во употреба.

По банкнотата од пет евра во мај 2013 година и банкнотите од 10 евра во септември 2014 година, ова е третата банкнота од серијата „Европа“ и како и останатите, содржи број со зелена боја кој ја менува нијансата од зелена до сина во зависност од аголот на гледање.

Планирано е новата банкнота од 50 евра да биде пуштена во оптек во вториот квартал од 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП