26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се посвети парк на жртвите во сообраќајот

Ќе се посвети парк на жртвите во сообраќајот

park

Со повеќе активности ќе биде одбележан 15 Ноември – Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, меѓу кои засадување дрвца, пешачки дефилеа во повеќе градови, едукативни предавања, јавни трибини, посета на гробот на Тоше Проески, крводарителна акција, организација на ликовна изложба и др.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот соопшти дека секоја година во светот околу 1,2 милиони лица го губат животот во сообраќајни незгоди и околу 50 милиони се здобиваат со телесни повреди. Во Македонија, според податоците со коишто располага РСБСП  во првите девет месеци во 2015 година се случиле 100 сообраќајни несреќи со загинати лица во кои што животот го загубиле 113 лица, а 4.684 се повредени.

За да се сврти вниманието на трагичните последици од сообраќајните незгоди, да се изрази почит кон загинатите, и солидарност кон нивните семејства, како и  да се подигне свеста за  фаталните последици од неодговорното однесување во сообраќајот, Организацијата на Обединетите Нации усвои резолуцијата со којашто се повикува на обележување на третата недела од ноември како Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.

Во насока на одбележување на овој ден во Македонија, а со цел повисоко ниво на сообраќајна свест и одговорност односно повисоко ниво на дисциплина во сообраќајот, РСБСП во соработка со  партнерите  во периодот од 15 – 22 Ноември ќе организира низа активности.

Активностите  ќе започнат во недела со засадување и промоција на парк посветен за жртвите кои оваа година го загубија животот во сообраќајни несреќи.

Мото и пораката која РСБСП оваа година во рамките на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди ја праќа до сите граѓани во Република Македонија е многу силна: Денови на сеќавање – време е да запрат кривичните дела на улиците.

Исто така, беше соопштено дека  успешно е реализирана до сега најголемата кампања за подигнување на свеста за заштита на децата во сообраќајот која што РСБСП во соработка со партнерите ја реализираше во изминатиот период, со која што Република Македонија се приклучи во светската кампања #safekidslives, која на иницијатива на Обединетите нации се реализира во повеќе од 100 земји низ целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП