26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ додели два млн евра за УНИЦЕФ за одговор на итните потреби...

ЕУ додели два млн евра за УНИЦЕФ за одговор на итните потреби на децата бегалци и мигранти на Западен Балкан

deca migranti 22

Секторот за хуманитарна помош и цивилна заштита на Европската комисија (ЕХО) додели два милиони евра на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) за помош на децата во движење во Македонија и во Србија.

Ова е прв финансиски придонес на ЕХО за работата на УНИЦЕФ со бегалците и мигрантите што се движат низ Европа. Средствата треба да помогнат УНИЦЕФ заедно со партнерите да одговори на потребите на децата бегалци и мигранти кои поминува низ овие две земји.

Проектот ќе обезбеди два милиона евра за помош на 170.000 новороденчиња, деца и мајки преку обезбедување простории наменети за деца што ќе работат постојано и во кои семејствата ќе можат да се одморат, да добијат прва помош и неопходна зимска облека, како што се ќебиња и облека за деца, како и да помогне во зајакнување на системите за заштита на децата. Исто така, ќе биде обезбедена соодветна храна за деца на возраст помеѓу 0-24 месеци и совети за мајките што дојат за најдобрите практики во исхраната.

„Децата се заробени среде невидена и непредвидлива криза. Тие се во движење кон подобар живот во Европа. Сега кога демне зимата нивните потреби се поголеми од кога било. Ние не смееме да ги изневериме”, изјави Мери-Пјер Поарие, специјален координатор за кризата на бегалците и мигрантите во Европа.

„Овој дарежлив грант од ЕХО на подолг рок ќе ни помогне да го олесниме нивното тешко патување”, додаде Поарие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП