26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУНИБанка со негативен финансиски резултат заклучно со третиот квартал

УНИБанка со негативен финансиски резултат заклучно со третиот квартал

uni

УНИБанка во 2015 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во Бизнис планот за 2015 година. Клучна цел беше остварување на максимален профит преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, земајќи ги при тоа во предвид и ризиците во домашната економија и надворешното опкружување.

Нето активата на банката во Септември 2015 год. е на ниво од 12.468,5 милиони денари, што значи зголемување на истата за 14,1% во однос на Септември 2014 година (10.930,5 милиони денари).  Обврските на банката  во билансот на состојба бележат нето зголемување од 16,0%, што е пред се резултат на порастот на депозитите на банки и обврските по кредити.

Заклучно со Септември 2015 година остварен е негативен финансиски резултат во износ од 45.633 илјади денари за разлика од истиот период  минатата година кога резултатот беше позитивен и изнесуваше 51.821 милиони денари. Ова е пред се резултат на значително поголемата исправка на вредноста на финансиските средства.

Нето каматните приходи како најзначаен елемент на нето банкарскиот приход во однос на Септември 2014 година се зголемени од 364,4 милиони денари на 370,5 милиони денари или за 1,7% што е резултат на порастот на кредитното портфолио и покрај намалувањето на каматните стапки.

Нето приходите од провизии и надоместоци кои изнесуваат 104,3 милиони денари се за 0,6% над нивото од Септември  2014 година (103,6 милиони денари).

Административните расходи во Септември 2015 година достигнаа износ од 363,9 милиони денари, што значи намалување од 3,4% во однос на истиот период лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП