26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР одобри дополнителни 21 милион евра за развој на патната мрежа во...

ЕБОР одобри дополнителни 21 милион евра за развој на патната мрежа во источна Македонија

patista gradba 24

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобрува зголемување на постојниот кредит за 21 милион евра за поддршка на натамошните подобрувања на мрежата на македонските државни патишта, во делот помеѓу Штип и Кочани – град во источниот дел на земјата.

Новото финансирање на патната секција е прифатено од локалната заедница, бидејќи ја зема во вид заштитата на околината од штетните влијанија. Со новопредложениот проект, двете ленти од патот ќе се задржат, должината на патот ќе се зголеми за 28 километри, а износот на вкупното финансирање ќе се зголеми за 21 милион евра.

Првичниот заем од 74 милиони евра кон Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), компанија одговорна за управување и одржување на државните и регионалните патишта, беше потпишан во ноември 2014-та. Проектот е креиран за реконструкција на двата дела од патот, помеѓу Штип и градот на исток во земјата Кочани, како и изградбата на патот помеѓу централните села Раец и Дреново.

Клучен елемент во инвестицијата е подобрување на безбедноста на патот. Покрај обезбедувањето на подобри патишта, проектот вклучува поддршка на градење на капацитетот на компанијата, вклучувајќи и безбедносна ревизија.

На церемонијата за потпишување која се одржа во Лондон, првиот Потпретседател на Банката, Фил Бенет нагласи:

„ Ние ја гледаме потребата за развој на инфраструктурата во земјата како еден од клучните приоритети за ЕБОР во Македонија. Добро развиени и современи регионални транспортни конекции ќе го зајакнат регионот и ќе го подобрат пристапот на оддалечените области до поголемите пазари. Во прилог на ова, подобрениот дизајн на продолжувањето на патот ќе резултира во значајно зголемување на безбедноста.”

Зоран Ставрески, Заменик Потпретседател и Министер за Финансии истакна:

,,Благодарани сме за поддршката на ЕБОР во овој многу важен државен проект. Поврзувањето на македонските региони, преку националните патишта и меѓународните конекции го гледаме како економски приоритет. Овој проект е од корист за сите граѓани на Македонија и носи одржлив економски развој.”

ЕБОР почна да инвестира во македонската економија во 1993-та година. До денес, во земјата има потпишано над 90 проекти со нето кумулативен износ од над 1,5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП