26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија победи: Овие држави имаат најповолни даноци за бизнис!

Македонија победи: Овие држави имаат најповолни даноци за бизнис!

 

tax

Многу меѓународни компании ги избираат овие држави поради ниските стапки на данокот за бизнис…

Кога глeдаат во кои земји е најдобро да се лоцираат, интернационалните компании најмногу им обрнуваат внимание на даночните стапки. Исто така, и владите на државите често се натпреваруваат која ќе има најмали даноци за бизнис.

Во наведениот извештај на „Светскиот економски форум – СЕФ“ за глобалната конкурентност, користена е „вкупната даночна стапка“ како една од мерките, колку некоја земја е конкурентна.

Вкупната даночна стапка е дефинирана од страна на Светска банка. „Вкупниот износ на данок е збир од пет различни видови на данок и придонеси кои ги создаваат олеснувањата и исклучоците: добивката или данокот на добивка на претпријатијата, социјалните придонеси и данокот на труд кој го плаќа работодавецот, данокот на имот, данокот на промет и други помали даноци“.

Тоа ги вклучува сите даноци на труд кои ги сноси работодавците, но не оние како данок на добивка кои ги сносат вработените.

Ова се земјите со најниски даночни стапки за бизнис во светот:

18. Хонгконг

Даночна стапка: 22,8%

Овој град-држава е еден од најатрактивните места во светот за бизнис, со ниско даночно опкружување кое постои од 60-тите години.

hong-kong-foto-sxc-hu-artoz

17. Црна Гора

Даночна стапка: 22,3%

Малата држава на Балканот има и стапка на данок на добивка од само 9 проценти, што претставува една од најниските во Европа.

16. Канада

Даночна стапка: 21%

Ова е една од неколкуте големи, напредни економии која се наоѓа во највисокиот ранг. На пример, канадската провинција Манитоба има корпорациски даночни стапки за мали претпријатија од 0 проценти.

Kanada-zastava-Kanade-2

15. Камбоџа

Даночна стапка: 21%

Оваа азиска држава привлекува голем број на странски инвестиции во последните две децении и има значително понизок данок од останатите земји во развој.

14. Намбија

Даночна стапка: 20,7%

Намбија една од само двете африкански земји кои успеаа да влезат во оваа листа.

Orchid85a

13. Ерменија

Даночна стапка: 20,4%

Иако Ерменија има прилично едноставен систем, таа навистина се измачи со предизвиците да ги наплати приходите.

12. Луксембург

Даночна стапка : 20,3 %

Луксембург се најде на удар на крајот од 2014 година кога истражувачките новинари открија дека владата има тајни договори со меѓународните компании, меѓу кои Икеа, Пепси и Амазон, благодарение на кои тие не ни морале да плаќаат данок на добивка.

Luksemburg-Pepsi-IKEA-pare-euri-euro

11. Хрватска

Даночна стапка: 18,8%

Хрватска во исто време и пристапи на Европската Унија и ги намали даноците, во 2013 година.

10. Сингапур

Даночна стапка: 18,4%

Поради ниските даночни стапки, многу компании ширум светот го избираат Сингапур за база во Азија.

Singapur-2

9. Грузија

Даночна стапка: 16,4%

По распадот на Советската Унија, Грузија е една од државите која го прифати моделот на ниски даноци, и во повеќе наврати го намалуваше бројот на даноци и нивните стапки.

8. ОАЕ

Даночна стапка: 14,8 %

И покрај ниските стапки и високиот ранг, ОАЕ се на четвртото место во блискоисточниот регион, покажувајќи колку се ниски даноците во тој дел од светот.

Dubai

7. Замбија

Даночна стапка: 14,8%

По протестите на најголемите стоковни компании, државата ги намали стапките на даноци.

6. Саудиска Арабија

Даночна стапка: 14,5%

Нафтениот гигант има можност да ги држи своите даноци за бизнис на исклучително ниско ниво поради огромните петрохемиски приходи.

Rijad-saudijska-arabija

5. Лесото

Даночна стапка: 13,6%

За разлика од повеќето земји на листата, Лесото е една од најсиромашните земји во светот и има најниска вкупна даночна стапка од сите африкански држави.

4. Бахреин

Даночна стапка: 13,5%

Оваа држава има помалку нафта од нејзините соседи, но таа има и една од најниските даночни стапки за бизнис во светот.

profimedia-0161713538-1

3. Кувајт

Даночна стапка: 12,8%

Кувајт неодамна го отфрли предлогот на ММФ да воведе данок на добивка за бизнисот со цел да го реши својот фискален дефицит.

2. Катар

Даночна стапка: 11,3%

Катар од сите земји на Блискиот исток е најдобро позициониран.

1. Македонија

Makedonija-zastava-protest

Даночна стапка: 7,4 %

Македонија е единствена земја со данок за бизнис помал од 10 проценти, но сепак јавниот долг на нашата земја од 2008 година е двојно зголемен, што еден дел се должи на одлуката за ниски стапки на даноци за бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП