27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпаѓа бројот на посетители на Октоберфест

Опаѓа бројот на посетители на Октоберфест

oktober fest 00

Бројот на посетители на пивниците во Минхен на познатиот двонеделен Октоберфест, опаднал за 400.000 луѓе оваа година, објавија организаторите во недела навечер.

Оваа година познатиот фестивал на пивото го посетиле 5,9 милиони посетители, што е значително помалку од лани, кога беа регистрирани 6,3 милиони посетители.

Намалувањето на бројот на посетители се припишува на студеното и врнежливо време, како и на контролите воспоставени на германските граници заради големиот прилив на бегалци и мигранти кои последните недели влегуваат во земјата.

„Четири стотини илјади посетители помалку, но тоа сè уште е Октоберфест на високо ниво“, рече градоначалникот на Минхен Јозеф Шмид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП