26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромовирани новите електромобили и електротротинети за туристичко разгледување во Скопје

Промовирани новите електромобили и електротротинети за туристичко разгледување во Скопје

електроавтомобили

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски и директорот на Јавното претпријатие „Градски паркинг”, Борче Јакимовски, во неделата ги промовираа новите електромобили и персонални транспортери – електротротинети за изнајмување.

„Станува збор за седум нови електромобили и пет нови електротротинети коишто ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните и ќе служат за туристичко разгледување на знаменитостите во центарот на градот. Изнајмувањето на овие возила ќе се врши на пунктот на Градски паркинг на плоштадот Македонија“, каде изнајмувањето на електромобилите ќе се врши по цена од 50 денари за билет, додека цената за изнајмување на електротротинетите е 100 денари од час“, рече скопскиот градоначланик Коце Трајановски.

Новите електромобили имаат ретро изглед и истите имаат по четири места за седење, каде со едно полнење истите можат да поминат од 50 до 70 километри.

„За набавката на електромобилите ‘Градски паркинг’ вложи околу 6 милиони денари, без ДДВ, додека за набавката на 5-те електротротинети околу 1,9 милиони денари, без ДДВ. Електромобилите и електротротинетите се подготвени и веднаш ќе може да се користат од страна на посетителите“, изјави Јакимовски.

Покрај новите електровозила, на сите посетители за туристичко разгледување на градот на располагање им стојат и дополнителни пет електромобили и десет електровелосипеди коишто Град Скопје ги набави во 2014 година.

Станува збор за еден од повеќето проекти со коишто градските власти на Скопје ја промовираат и унапредуваат електромобилноста во главниот град. Оваа година беа набавени пет електроскутери за потребите на администрацијата, со што Град Скопје стана прва локална самоуправа во земјата којашто набави ваков вид возила.

Со ова е направен првиот директен чекор кон електромобилност во Скопје со примена на нови технологии, движење со нула емисии на штетни издувни гасови, почиста и поздрава животна средина и намалување на трошоците за одржување.

За потребите на сопствениците на електромобили во функција се две станици за полнење електрични возила, во катните гаражи „Македонска фаланга“ и во катната гаража „Тодор Александров“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП