14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел изрази задоволство од усвојувањето на планот за Кипар

Меркел изрази задоволство од усвојувањето на планот за Кипар

angela-merkel

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изрази задоволство од усвојувањето на спасувачкиот план за Кипар, нагласувајќи дека со негова помош земјата ќе избегне банкрот.

Постигнатото решение е правилно и пренесува одговорност врз сите, кои помогнале за создавање на проблемот, изјави денеска Меркел во западногерманскиот град Лангенфелд.

Германската канцеларка изрази задоволство од правичната распределба на товарот. Според неа од една страна одговорност треба да земат банките, како и Кипар преку дејствија за приватизација, структурни реформи и зголемување на даноците.

Од друга страна се покажа дека Кипар може да смета на европска солидарност. Дека ЕУ планира да го поддржи Кипар на тешкиот пат во годините што следат, нагласи Меркел.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле посочи дека програмата е најдобриот пат на земја со голем буџетски дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП